Компанијата е основана во 1991 година во Виница, организирана како јавно трговско друштво (ЈТД), и со првична дејност трговија на мало со прехрамбени производи. Почетокот на своето работење компанијата го започнува со еден маркет, а во подоцнежното работење отвара уште 3 маркети, сите на територијата на Виница и го променува своето име во 1997година во Леда – АС.
Компанијата е основана од Владо и Лена Ефремови кои и денес се управители на претежно фамилјарниот бизнис. Со промената на името, управителите на фирмата донесуваат одлука за проширување на бизнисот и негова трансформација од трговија на мало со прехрамбени производи во производствена компанија. Производството го започнуваат со тоалетна хратија и салвети. Во 2000 година го прошируваат и со производство на алуминиумска фолија, PVC фолија и хартија за печење, а како еден од поновите производи се V бришачите за диспанзери.
Компанијата до ден денес функционира и успешно работи во оваа дејност. Го промени своето име во Леда-ВИН. Производите се продаваат на територијата на цела Р. Македонија, а производствениот погон се наоѓа во Виница.